Ирак опасно место за деца

Најмалку 3,6 милиони деца во Ирак живеат во сериозен ризик, соопшти ОН, повикувајќи ги завојуваните страни да ги заштитат правата на децата. Во најновиот извештај објавен денеска од страна на Детскиот фонд на ОН се наведува дека децата се соочуваат со смрт, повреда, сексуално насилство, киднапирање и регрутирање во вооружени групи. УНИЦЕФ го опишува Ирак како едно од најопасните места за деца во светот.

Во извештајот се вели дека инвазијата од страна на Исламската држава во 2014 во голем дел од земјата предизвикала катастрофални последици врз децата. Според организацијата децата, исто така, се соочуваат со недостаток на соодветна здравствена заштита, лоши јавни услуги и очајно образование.