Русија распоредува 10 илјади војници на запад

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека Русија ќе распореди 10 илјади војници во западниот дел на земјата поради, како што изјави, нестабилната воена и политичка ситуација на руската западна граница. Тој истакна дека САД и другите НАТО членки продолжуваат да го зајакнуваат воениот потенцијал во земјите кои граничат со Русија. Шојгу исто така објави дека го разрешил командантот на руската флота на Балтикот Виктор Кравчук за неисполнување на обврските.