Уставниот суд другпат ќе одлучува за крстот во Бутел

Уставниот суд на денешната седница го одложи одлучувањето по иницијативата за уставноста и законитоста за поставување на 55 - метарскиот крст во општина Бутел. Одлуката ќе ја донесат на некоја од наредните седници, информираат од Уставниот суд. Поставувањето на темели за крстот во Бутел, уследи откако во Топанско поле беше поставен двоглав орел, по што следуваа протести и кратко кампирање на местото каде што требаше да се гради крстот од страна на приврзаници на ДУИ.