Повеќе од 57 илјади бегалци во Грција

Во Грција денеска има 57.155 бегалци и мигранти, а во последните 24 часа не се регистрирани нови пристигнувања.

Според бројките на Координативното тело за справување со бегалската криза, најголем број на бегалци има во северна Грција, потоа во регионот на Атика, повеќе од 8 илјади на грчките острови и речиси 2 илјади се сместени во различни области во централна и јужна Грција.