Се зголеми бројот на жртви во Истанбул

Бројот на жртви при нападите во Истанбул се искачи на 41, а 239 луѓе се повредени, соопшти гувернерот на Истанбул. Десет од убиените се странски државјани, а тројца имале двојно државјанство.

Претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека нападот треба да послужи како пресвртна точка во глобалната борба против тероризмот.

Од повредените 109 биле пуштени од болница, соопштија од Kанцеларијата на гувернерот.