Могерини ја претставува новата глобална стратегија на ЕУ

Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини денеска на лидерите на ЕУ, на вториот ден од нивниот состанок во Брисел, ќе им ја претстави новата Глобална стратегија за безбедност и надворешна политика. Таа изјави дека е неопходно да се вложува во безбедноста и одбраната, бидејќи тоа е заедничка обврска и одговорност на земјите на ЕУ, наведувајќи дека излегувањето на Британија од Унијата доведе до „несигурност и хаос“. Могерини ја повика Европа да ги вложи сите нејзини капацитети за да се соочи со надворешните закани, како тероризмот, климатските промени и економските кризи со цел да им гарантира безбедност на нејзините граѓани.