Времето денеска: сончево со умерена облачност

Во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, а долж Повардарието и во Пелагонија повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 11 до 18, а дневната од 25 до 32 степена. УВ-индексот ќе изнесува 7. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен до повремено засилен северен ветер. Темпертурата од 17 до 30 степени.