Заев и Селмани зборувале за медиумите

Насер Селмани, претседател на Здружението на новинари на Македонија. (ЗНМ).

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и претседателот на Здружението на новинари Насер Селмани денеска разговарале за реформите во медиумите за кои се зборува во рамки на политичките преговори. Според СДСМ, на средбата заеднички било оценето дека без медиумски реформи, без слободни медиуми, нема услови за слобони, фер, демократски и регуларни избори.