Собранието изгласа основање на „Дамјан Груев“

Пратениците го донесоа Законот за основање универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев“ во Скопје. Заменик министерот за образование Спиро Ристовски рече дека основната идеја за основање на Универзитетот е да се зголеми квалитетот на високото образование. Универзитетот ќе почне да работи од учебната 2016-2017. Тој вели дека се ангажирани и професори од странство, а наставата во најголем дел ќе се изведува на англиски јазик. За пратеникот од ДПА Орхан Ибраим, со основањето на Универзитетот меѓу другото наместо внатрешна интеграција и соживот се прави сегрегација.

Против основањето на овој универзитет претходно се изјасни опозициската СДСМ, која паузира од работата на Собранието.