СДСМ: Власта го поткопува образованието

Собранието денеска по скратена постапка расправа за основање нов универзитет „Дамјан Груев“. Од опозициската СДСМ, која паузира од работата на Собранието, сметаат дека отворањето на новиот универзитет и проблематичниот избор на нов ректор на УКИМ е игра на власта на штета на образовниот процес и високото образование, а со цел да се уништи најстариот универзитет во земјата „Св. Кирил и Методиј“.

„На Македонија не и потребен уште еден партиски универзитет, на штета на финансирањето на другите државни универзитети, велат од СДСМ. Од таму велат дека со начинот на избор на нов ректор се покажало дека власта сака да се меша во работите на УКИМ.

Од владејачката партија, пак, сметаат дека со формирањето на новиот универзитет „Дамјан Груев“ ќе се срушат монополите на одредени факултети, зголемување на конкуренцијата во високото образование и решавање на голем број проблеми на студентите.