Меркел: ЕУ ќе работи на зацврстување после Брегзит

Германската канцеларка Ангела Меркел ја истaкна решеноста на Берлин да одржува блиски врски со Велика Британија, како и да работи на зајакнување на ЕУ по одлуката на Британија за напуштање. Таа вели дека сепак останатите 27 земји членки на ЕУ покажуваат подготвеност да преземат чекор напред. Меркел денеска се обрати пред германскиот парламент. Таа вели дека се добредојдени сите предлози за зацврстување на ЕУ, но вели дека треба да се избегнат какви било мерки кои би ги поттикнале останaтите земји да ја напуштат Унијата. Меркел, исто така, предупреди дека Британија не смее да биде прибирлива на престојните преговори.