Полицијата го запре комбето на Шарената револуција

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Демонстрантите од Шарената револуција денеска на протестите повторно го обоија Министерството за правда, иако полицијата бараше од нив да не ја оштетуваат зградата. Некои од демонстрантите им објаснуваа на безбедносните сили дека тоа е нивно право и оти се работи само за боја. Потоа демонстрантите се упатија накај Собранието каде им беше кажано дека од полицијата било запрено комбето на Шарената револуција по што се упатија на местото на настанот. Демонстрантите беа запрени и од полициски кордон во близина на седиштето на СДСМ и на зградата каде живее лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Протестите завршија пред Собрание.