Судот не ја иззема судијката Поп - Стефанија од Тврдина

Кривичниот суд одлучи да не ја изземе судијката Александра Поп -Стефанија од случајот Тврдија како што побара Специјалното јавно обвинителство. Во овој случај што го отвори СЈО една од осомничените е и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Одлуката ја донел заменик претседателот на Судот, оти претседателот е на годишен одмор. Судијката го прекина распитот на Јакулоска, оти СЈО побара таа да биде изземена од случајот. Во дел од медиумите тогаш беше објавено дека причинaта за барањето за изземање е конфликт на интереси, односно дека сопругот на судијката бил вработен во општински комитет на ВМРО ДПМНЕ во Неготино.

Првоосомничен во овој случај е Горан Грујовски, началник во Петтата управа во Министерство за внатрешни работи, а Јанкулоска е трето осомничена. Во предметот Тврдина осомничени се товарат за уништување на опремата за прислушување.