Никола Јанкуловски избран за нов ректор на УКИМ

Професорот Никола Јанкуловски е избран за нов ректор на УКИМ. Фотографија НоваТВ.

Професор доктор Никола Јанкуловски е избран за нов Ректор на Универзитетот Свети Кирил и Методиј. На денешната седница на Универзитетскиот сенат за него гласаа мнозинството од присутните. Јанкуловски е Декан на Медицинскиот факултет во Скопје.

На изборот на новиот ректор му претходеше тензична атмосфера при конституирањето на новиот Универзитетски сенат. Група студенти од Студентскиот пленум го блокираа влезот во Ректоратот, барајки изборот да биде одложен, бидејки, како што рекоа, претставниците на студентите во сенатот, се нелегитимни. Сепак, нивните аргументи беа отфрлени, а верификационата комисија на УКИМ им ги потврди мандатите.