Турција се извини за соборувањето на рускиот авион

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му пишал на неговиот руски колега Владимир Путин за да се извини за тоа што го соборија рускиот воен авион минатата година. Портпаролот на Путин, Димитри Пасков денеска рече дека во писмото турскиот претседател длабоко се извинил и изразил сочуство до семјеството на загинатиот пилот и побарал прошка. Ердоган исто така сака да се направи се што е можно за да се обноват традиционално добрите односи меѓу Русија и Турција. Русија воведе трговски санкции кон Турција и ги прекина туристичките аранжмани со земјата откако беше соборен авионот.