Девет години затвор за поранешниот молдавски премиер

Поранешниот молдавски премиер Влад Филат е осуден на девет години затвор под обвинение за корупција. Судот во Кишињев денеска го прогласи за виновен за злоупотреба на службената должност и за корупција и веднаш го осуди. Судот исто така одлучи да му ја одземе на Филат државната награда и да му го конфискува имотот. Исто така му е забрането пет години да обавува јавна функција. Обвинителството оцени дека пресудата е „премногу блага“ и најави желба. Тие бараат 19 години затвор. Филат, кој беше премиер на Молдавија од 2009 до 2013 година, беше уапсен на средината на октомври минатата година под обвинение дека зел мито од еден милион долари во случајот со банкарски измами. Тој ги негира обвиненијата и тврди дека случајот против него е политички мотивиран.