Ерменија очекува прифаќање на терминот „геноцид“

Претседателот на Ерменија очекува повеќе земји да го признаат масакарот врз Ерменците од пред еден век за време на отоманската ера, како „геноцид“. Претседателот Серж Саркасијан во интервју за Ројтерс ги посочи неодамнешните забелешки на папата Франциско и на германскиот парламент на оваа тема. Долниот дом на германскиот парламент усвои резолуција со која убиствата на христијаните Ерменци од страна на отоманските сили во Првата светска војна ги нарече геноцид. Папата за време на посета на Ерменија, која заврши вчера, го осуди „геноцидот“. Според Саркасијан тоа ќе го отвори патот и за други земји да го користат терминот. Турција пак го отфрла терминот геноцид.