Политичката криза им отежна на компаниите

Стопанската комора посочи дека поради актуелната политичка криза има застои во административните постапки па компаниите не можат навремено да добијат одобренија, дозволи или други документи. Истражувањето што го спровеле од Комората во средината на април покажало дека поради одредени промени во институциите има ненавремено процесуирање на нивните барања. Стопанската комора на Македонија бара институциите навремено да ги спроведуваат административните постапки на компаниите, како и да се надминат состојбите поврзани со штрајкот на Солунското пристаниште со цел бизнис заедницата да не трпи штети. За да им се помогне на компаниите во Стопанската комора на Македонија од денеска ќе почне да функционира оперативна канцеларија која ќе работи 24 часа.