Загадениот воздух сè поголема закана

Меѓународната агенција за енергија во најновиот извештај објавен денеска наведува дека неуспехот да се промени начинот на кој светот користи и произведува енергија ќе доведе до прерани смртни случаи предизвикани од загаден воздух. Се проценува дека годишно во светот има околу 6,5 милиони смртни случаи како последица на неквалитетен воздух и внатре и надвор. Загадениот воздух е на четврто место од најголемите закани по здравјето на луѓето. Пред загадениот воздух се високиот крвен притисок, неправилната исхрана, пушењето.