Меси ја напушта репрезентацијата на Аргентина

Меси откако го промаши пеналот на мечот со Чиле

Дваесет и девет годишниот фудбалер Лионел Меси соопшти дека веќе нема да игра за фудбалската репрезентација на Аргентина. Ова тој го соопшти откако аргентинската селекција загуби на пенали од репрезентацијата на Чиле на Купот на Америка во Њујорк. Меси го промаши неговиот пенал. Аргентина нема освоено меѓународен трофеј од 1993 година.