Џонсон: Британија останува во заедничкиот пазар на ЕУ

Борис Џонсон

Лидерот на кампањата за излегување на Британија од ЕУ Борис Џонсон побара единство по британското гласање да ја напушти Унијата. Во колумна објавена во весникот „Дејли телеграф“, Џонсон кој би можело да биде иден британски пример напиша дека се неопходни подобри односи со Унијата, базирани врз слободно трговско партнерство, а не врз федерален систам. Тој смета дека Британија не треба да се брза со постпакта за излегување од ЕУ. За денеска во Лондон е закажана седница на британската влада, прва по референдумот на 23 јуни.