Судири со Исламската држава во источен Авганистан

Авганистански претставници информираат дека има жестоки борби меѓу владините сили и милитантите на Исламската држава на истокот на земјата. Најмалку десетина војници и цивили се убиени, петмина цивили се киднапирани, а 18 се повредени во провинцијата Нангархар. Локални претставници тврдат дека биле убиени повеќе од 100 борци на Исламската држава во изминатите три дена, но тие бројки не може да бидат потврдени. Во борбите се ангажирани стотици војници и полицајци.