СДСМ - Груевски стои зад обраќањето на Иванов

Со денешните сценарија за „напади со специјални средства“ Никола Груевски покажа дека тој стои зад срамното обраќање на Ѓорге Иванов пред два дена, стои во пишаната реакција на СДСМ на обраќањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на 25-годишнината на УМС.

„Човекот кој ја втурна Македонија во длабока политичка, економска и државна криза, ги потценува граѓаните до тој степен што своето криминално владеење и начин на работа сака да го оправда со измислени заговори. Нападите врз Специјално јавно обвинителство го потврдуваат стравот од враќањето на правдата и докажува дека тој стои зад сите хајки против оваа независна институција, стои во реакцијата.

Груевски во својот говор меѓу другото рече дека ВМРО-ДПМНЕ и Македонија од почетокот на минатата година се нападнати со специјални средства, а СДСМ ја има улогата да биде напаѓач.