Ердоган - И други земји ќе сакаат да излезат од ЕУ

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека ЕУ неизбежно ќе се соочи со уште земји кои сакаат да го напуштат овој блок, доколку продолжи по истиот пат. Во својот говор по повод британскиот референдум и одлуката за напуштање на ЕУ, Ердоган истакна дека Унијата ги одложува напорите на Анкара за влез поради исламофобија. Тој ја обвини ЕУ дека користи двојни стандарди и предупреди дека уште земји ќе сакаат да излезат од Унијата.