Коѕиас: Неопходна е дебата за иднината на ЕУ

Резултатите од британскиот референдум го реафирмираат нашето инсистирање од потребата да се спроведе неопходна демократска дебата за иднината на Европската унија, за јакнење на нејзиното социјално функционирање и демократизација на нејзината структура, за да може да функционира за да им служи на луѓето во Европа и да биде атрактивна за општествата на земјите-членки, изјави грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас откако беа објавени резултатите од референдумот во Велика Британија.

„Во принцип, врз основа на развојот на настаните во последните неколку години, а особено во однос на прашањето за бегалците, ја изразуваме нашата загриженост за зголемувањето на тенденциите за фрагментација на Европската унија, и ја нагласуваме потребата за борба против национализмот и екстремистичкото однесување, нагласува Коѕиас.

Според него, приоритет за европските раководства треба да биде да се откажат од „размислувања за казни и политики на штедење“ и да негуваат култура на демократски дијалог и консензус.