Русија сака ЕУ да остане голема економска сила

Дмитри Песков

Русија сака Европската Унија да остане голема економска сила, соопшти Кремљ, коментирајќи го гласањето на Британија за напуштање на Унијата. Москва сака ЕУ да остане голема економска сила која е просперитетна, стабилна и предвидлива, рече портпаролот Дмитри Песков.

Ние имаме прилично тежок товар на проблематичните врски со Велика Британија. Се надеваме дека во новата реалност ќе превагне разбирањето на потребата за добри односи со нашата земја, изјави Песков.