Туск: сакавме поинаков исход, но ќе го зачуваме единството

Претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск изјави дека не го крие фактот оти сакале поинаков исход од вчерашниот референдум. Свесен сум колку овој момент е политички сериозен, па дури и драматичен. И не постои начин да се предвидат сите политички последици од овој настан, особено за Велика Британија, истакнува Туск. Но, додава тој, сигурно сега не е момент за хистерични ракции. Сакам да ги уверам сите дека ние сме подготвени и за ова негативно сценарио.

Во името на сите 27 лидери, можам да кажам дека сме решени да го зачуваме нашето единство. За сите нас, Унијата е рамка за нашата заедничка иднина. Би сакал да ве уверам дека нема да има правен вакуум, вели првиот човек на Европскиот Совет Доналд Туск.