Сириската опозиција бара истрага за руските бомбардирања

Главната сириска опозициска група побара од Обединетите нации да ги истражи обвинувањата дека Русија користела касетни и запаливи бомби во Сирија. „Руската авијација постојано користи ваква муниција, а ние имаме документирано десетина вакви случаи. Со тоа Русија ја крши Конвенцијата за забрана на вакво оружје, како и хуманитарното право“, наведува Ријад Хиџаб, координатор на Високиот комитет за преговори во писмото испартено до генералниот секретар на Обединетите нации Бан ки Мун. Руската армија демантира дека корсити такви бомби.