Самит на Шангајската организација за соработка

Претседателите на земјите членики и земјите со статус на набљудувачи на Шангајската организација за соработка, пристигнаа во узбекистанскиот главен град Ташкент на почетокот на дводневниот самит.

Лидерите на организацијата ќе разговараат за прашања за регионалната безбедност и за моманталната ситуација во Авганистан.

Кремљ вчера соопшти дека ќе биде дискутирано и можното пристапување на Индија и Пакистан во текот на 2017 година.

Двете земји очекуваат формално да бидат примени за време на Самитот во Ташкент, а ќе се дискутира и можниот прием на Иран.

Сегашни членки на организацијата се Русија, Кина, Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан.

Статус на набљудувачи имаат Белорусија, Индија, Иран, Монголија и Пакистан.