Во Египет пристигна првиот француски „Мистрал“

Првиот од двата воени бродови, коишто Франција требаше да и ги продаде на Русија, пристигна во Египет на брегот на градот Александрија.

Бродот од типот „Мистрал“ е наречен Гамал Абдел Насер, на 12 јуни го напушти бродоградилиштето на атланскиот брег на Франција.

Вториот брод, којшто е именуван по убиениот египетски лидер Анвар ал – Садад, се очекува во септември да пристигне во Александрија.

Двата брода првично требаше да и бидат продадени на Русија.

Франција го откажа договорот со Кремљ вреден 1.2 милијарди евра, како одговор на нејзината анексија на Поуостровот Крим во 2014 година.