Турски канал ја прекина програмата на германската ЗДФ

Германскиот јавен радиодифузен сервис ЗДФ соопшти дека турски телевизиски канал го прекинал партнерството со телевизијата, поради германската одлука официјално да го назначи за геноцид масакрот на Ерменците од страна на отоманските Турци.

ЗДФ посочува дека турскиот канал „Д“ ја повлекол програмата на германски јазик, повикувајќи се на „бројни поплаки“ од гледачите поради одлуката на Бундестагот од минатиот месец.

Германскиот парламент ја налути турската Влада, којашто го отповика својот амбасадор од Берлин.