Турција отвора ново поглавје во преговорите со ЕУ

На 30 јуни Турција ќе отвори ново поглавје во пристапните преговори со Европската унија.

Според западни медиуми кои се повикуваат на извор во Брисел, на тој ден државите членки на ЕУ ќе имаат состанок во Брисел за да одобрат отворање поглавје за финансии и буџет во преговорите со Турција.

Во март кога беше постигнат договор меѓу Брисел и Анкара за решавање на мигрантската криза, лидерите на ЕУ ветија забрзување на пристапните преговори на Турција кои долго беа во застој и најмалку едно поглавје ќе биде отворено до крајот на јуни. Турција почна формално преговори за членство во 2005 година. За 11 години отвори 15 од 35 поглавја, а само едно е затворено.