Путин: Москва мора да одговори на агресивната западна реторика

Претседателот Владимир Путин денеска во руската Државна Дума рече дека земјата мора да размислува за својата безбедност, кога се соочува „со агресивни акции на НАТО во билизна на руските граници.“

Путин, на последната пленарна седница на пратениците на сегашната Дума, кажа дека Москва адекватно ќе одговори на агресивната западна реторика.

Тој истакна дека светот треба да се спротивстави на меѓународниот тероризам со креирање на безбедносен систем кој ги надминува постоечките сојузи, велејќи оти Русиај е подготвена за создавање на таков систем.

Путин ги пофали пратениците во долниот дом на Парламентот за поддршката на руската на анексија на Крим во 2014 година.

Петгодишниот мандат на пратениците формално завршува во септември, а првично планираните избори за 4 декември ќе се одржат на 18 септември.