Двајца загинати во експлозија во Авганистан

Архивска фотографија.

Авганистанските власти соопштуваат дека при експлозија на бомба поставена на пат во источната провинција Нангахар, денеска загинале полицаец и цивил.

Заменик шефот на провинциската полиција Абас Садат изјави дека во експлозијата во градот Џабаладад исто така се повредени двајца цивили.

Садат посочи дека експлозијата нејверојатно била детонирана со далечински управувач. Се уште никој не ја преземал одговорноста за нападот.

Високиот претставник на Обединетите Нации во земјата Николас Хајсом денеска предупреди дека Авганистан може да се соочи со „одмазнички акти на одмазда и на ескалација на спиралата на насилство.“