Ирачките сили презеле само третина од Фалуџа

Американскиот командант во Багдад, полковник Кристофер Гарвер изјави дека ирачките сили исчистиле само една третина од градот Фалуџа. Со тоа тој ги демантира наводите на ирачката влада дека овој град бил ослободен од милитантите на Исламската држава. Според Гарвер, теренот најмногу бил расчистен во јужниот дел од градот. Тој додаде дека операциите и натаму продолжуваат. Претходно, ирачкиот премиер Хајдар ал Абади изјави дека ирачките сили ја презеле контролата врз поголемиот дел од Фалуџа.