Турција ги заврши антитерористичките акции на југоистокот на земјата

Антитерористичките операции во југоисточниот дел на Турција завршија и властите се подготвени да почнат со обновување на регионот, изјави денеска турскиот премиер Бинали Јилдирим.

„Операциите завршија и сега влегуваме во втора етапа - обновување. Сите разурнати реони ќе бидат обновени уште подобро. Ние преземаме мерки за да можат младите да живеат таму подобро, отколку во планините меѓу терористите, истакна Јилдирим.

Тој нагласи дека во југоисточниот дел на Анадолија ќе бидат изградени нови фабрики и ќе се развива приватниот сектор, чии производи ќе ги купува државата.

Активните оперции на безбедносните сили против членовите на Курдската работничка партија (ПКК) во југоисточниот дел на Турција започнаа минатото лето.