Чешка со нови 40 полицајци на македонско-грчката граница

Чешките власти испратија контигент од 40 полициски службеници кои ќе и помагаат на Македонија да ја обезбедува границата со Грција во обид да се спречат мигранти да продолжат илегално кон Западна Европа. Тоа е трет по ред контигент што Чешка го испраќа во Македонија откако е затворена границата за мигранти. Полицајците ќе патролираат долж границата заедно со македонски колеги. Мисијата ќе трае шест месеци.