Кривичниот совет ги одби жалбите на СЈО за случајот „ТНТ“

Кривичниот совет ги одби жалбите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за барањата на мерки за претпазливост за осомничените во случајот „ТНТ“, односно за поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски.

„Жалбите на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела кои се поврзани и произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) поднесени за лицата М.Ј., Т.Т. и Н.Г., опфатени во предметот на СЈО во јавноста наречен „ТНТ“, против кои судија претходна постапка со решение од 10.06.2016 година не им определи мерки на претпазливост, се одбиваат како неосновани, а се потврдува решението на судијата на претходна постапка. Против решението на Кривичниот совет не е дозволена жалба“, се вели во соопштението.