Авганистан и Пакистан дискутираа за пограничната криза

Авганистанскиот заменик министер за надворешни работи, Хекмат Калил Карзаи.

Пакистански и Авганистански дипломати денеска се сретнаа во Исламабад да дискутираат за смртоносната погранична криза, во која минатата недела беа убиени двајца авганистански припадници на граничната полиција и пакистански службеник.

Безбедносните служби на двете земји разменија оган од артилериско оружје во близина на граничниот премин Торкхам, откако Пакистан започна да гради ограда на неговата страна на границата.

Двете страни меѓусебно се обвинуваат за започнувањето на оганот, што доведе Пакистан привремено да го затвори преминот Торкхам.

Авганистан не ја признава сегашната граница, позната како линијата Дуранд, односно како меѓународна граница.

Шестчлената авганистанска делегација која денеска е во Исламабад е предводена од заменик министерот за надворешни работи Хекмат Калил Карзаи.

Делегацијата се сретна со пакистанскиот министер за надворешни работи Аизаз Ахмед Чаудри.