Бомбаш-самоубиец убил 14 Непалци во Кабул

Авганистанското министерство за внатрешни работи соопшти дека 14 Непалци, припадници на обезбедување биле убиени од талибански бомбаш-самоубиец, чија цел бил нивниот минибус во главниот град на Авганистан, Кабул. Претставникк на министерството информира дека во нападот, кој се случил рано изутринава, биле повредени 8 лица. Еден од ранетите за Асошиетед прес изјавил дека неговата група била задолжена за обезбедување на канадската амбасада во Кабул. Групата го напуштала станбениот комплекс и се приклучувала на главниот пат кој води од Кабул до Џалалабад, кога напаѓачот се доближил до нивното возило и го активирал експлозивот.

Претставник на Талибанците ја презел одговорноста за нападот, истакнувајќи на Твитер дека целта на бомбашот-самоубиец биле „чуварите на странските окупатори“.