Времето денеска: сончево и многу топло

Во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала облачност, а долж Повардарието и во западните делови повремено и засилен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од 13 до 20, а дневната од 31 до 37 степени. Во Скопје ќе биде топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура до 18, а дневната ќе достигне до 36 степени.