ВМРО-ДПМНЕ вечер ќе го прослави 26-тиот роденден

Уметнички слики кои наскоро ќе висат на ѕидовите во новото партиско седиште на ВМРО ДПМНЕ. Фотографии од порталот НОВАТВ

Под слоганот „Идеја и дело - посилни од се“, ВМРО-ДПМНЕ вечер пред Музејот на македонската борба ќе го одбележи 26 -тиот роденден.

ВМРО ДПМНЕ во историјата на независна Македонија била во власта два пати – еднаш од 1998 до 2011 кога кабинет формираше Љубчо Георгиевски и во 2006 тата наваму под водство на Никола Груевски.

Првата смена на лидерите во партијата настана во 2002-та година кога на челоп на партијата застана Груевски. Георгиевски остана во партијата, како почесен претседател до 2004 година, кога поради несогласување со политиката на Груевски, се повлече од матичната партија и формира сопствена, партија ВМРО-Народна.
ВМРО-ДПМНЕ е една од двете најголемите политички партии во Македонија и е на власт од 2006 година. Партијата се смета за идеолошки наследник на првобитната ВМРО-Внатрешната Македонско Револуционерна Организација, создадена во 1893 година.