Србија и Кина ќе работат на зајакнување на односите

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска изјави дека односите меѓу Кина и Србија се длабоки и содржајни, додавајќи дека не ги обележува само пријателство и соработка, туку и заеднички вредности, а Кина е подготвена да го подигне тоа ниво. По средбата со неговиот српски колега Томислав Николиќ во Белград тој посочи дека Кина е подготвена да вложи напори за зајакнување на традиционалното пријателство меѓу двете земји.