Убиени четири специјалци и шест милитанти во Дагестан

Поглед на главниот град на Дагестан, Макачкала.

Четири припадници на безбедносните служби и шест милитанти се убиени во рускиот нестабилен регион Дагестан во северен Кавказ.

Властите велат дека жртвите се резултат на две одделни контратерористички операции спроведени денеска.

Прелиминарните истражувања укажуваат дека е можно еден од убиените милитанти да е Гасан Абдилајев – командант на исламските милитанти, баран од 2009 година за наводна вмешаност во серија напади против безбедносните сили.

Официјалните лица посочуваат оти Абдилајев исто така е познат по јавно дадена заклетва за верност кон групата на Исламската држава.

Дагестан беше место каде имаше бран на насилства извршувани од вооружени криминални групи и милитанти кои сакаат да основаат исламски калифат во северен Кавказ.

Организираниот криминал, политичките спорови и риваството на криминалните групи исто така доведе до крвопролевање во регионот.