ЦИА: ИД веќе има повеќе борци од Ал Каеда

Шефот на ЦИА Џон Бренан

Шефот на ЦИА Џон Бренан предупреди во американскиот Конгрес на опасноста од евентуални индивидуални терористички напади. Тој додаде дека ЦИА не нашла врска меѓу убиецот во Орландо и странски терористички организации. „Ова е глобален предизвик. Бројот на припадници на ИД расте и сега го надминува бројот што Ал Каеда го имаше кога беше најмоќна“, рече Бренан. Според него, ИД ја разгранува мрежата и работи на нејзино поврзување. „Најопасна е онаа во Либија“, изјави тој, додавајќи дека ИД ги обучува милитантите да изведуваат напади во Европа и САД.