Пронајден диктафон од пилотската кабина на авионот на „Иџиптер“

Египетските власти соопштија дека го пронашле диктафонот од поилотската кабина на авионот на „Иџиптер“, којшто минатиот месец се урна во Средоземното Море.

Цивилното воздухопловство во Египет соопшти дека уредот бил пронајден скршен на парчиња, но експертите успеале да ја поврата неговата меморија.

Аудио снимачот од пилотската кабина кој ги снима разговорите и другите звуци сега е однесен на анализи во градот Александрија.

Овој важен чекор се случи неколку часа откако роботот на голема длабочина пронајде парчиња од главното тело на авионот на дното на Медитеранот.

Авионот којшто леташе од Париз кон Каиро се урна на 19 мај, при што загинаа 66 луѓе. Причините за несреќата се уште се непознати.