Во Турција осудени тројца припадници на ИД

Во Турција се осудени тројца припадници на екстремистичката организација Исламска држава на неколку годишни доживотни казни поради убиство на еден возач на камион и двајца полицајци. Нападот се случил во 2014 година и бил прв што милитанти на ИД го извршиле во Турција. Станува збор за Чендрим Рамадани, граѓанин на Швајцарија, германецот Бенјамин Ксу и за Мухамед Закири од Македонија. Тие пред да го извршат нападот биле на обука во Сирија, изјавил еден од осудените.