Русија сака повторно да воспостави добри односи со Турција, но Анкара мора прво да преземе чекори и да побара прошка за соборувањето на рускиот воен авион минатата година, соопшти Кремљ.
„Би сакале нормализација на нашите односи и враќање на ниво од периодот на добра и меѓусебна корисна соработка, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Но, во исто време, рускиот претседател Владимир Путин јасно даде до знаење дека каква била нормализација на односите не е можна ако Анкара прво не преземе неопходни чекори“, истакна Песков.
Тој сугерираше на тоа дека Турција треба да се извини и плати надомест за соборувањето на рускиот воен авион над турско-сириската граница.