НАТО согласност за силите во Источна Европа

Министрите за одбрана на НАТО на состанокот во Брисел ги усогласија мерките за зацврстување на присуството на Алијансата во Источна Европа поради тензиите со Русија. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Алијансата ќе распореди четири мултинационални баталиони во трите Балтички држави и во Полска. Тој најави и подобро опремување на единиците на во регионот на Црното море. „НАТО ќе ги продолжи да ги штити земјите од секакви закани. Затоа ние спроведуваме најголемо обновување на колективната одбрана од крајот на Студената војна“, рече Столтенберг, наведувајќи дека НАТО не сака конфронтација со Русија. Москва оцени дека присуството на НАТО силите во близина на руските граници е закана за безбедноста и најави контрамерки.