Руски хaкерски упад во компјутерите на Демократската партија на САД

Хакери поврзани со руската влада, упаднале во компјутерската мрежа на американската Демократска партија во Вашингтон и таму дејствувале скоро една година. Ова го соопшти компанијата за сајбер безбедност која во минатиот викенд извршиле чистење на мрежата. Меѓу украдените податоци биле и обемни досиеа од истрагата што Демократите ја воделе за минатото на републиканецот Доналд Трамп, пишува весникот „Вашингтон пост“ кој ја открил аферата. Таков вид истрага водат сите партии против ривалските кандидати пред изборите во настојување да најдат политички слабости, наведуваат агенциите.